Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба за негрижата за македонското културно наследство

0
By on January 29, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 29, 2013 18:44


Во Културно информативниот центар отворена e изложбата на фотографии „Состојбата на културното наследство 2012-2014“ на Центарот за културно наследство.

Поставката од 50 фотографии, а меѓу нив се и Курбиново, Стоби, Скупи, црквата Св. Богородица Перивлепта и многу други. Изложбата е дел од проектот „Мониторинг на културното наследство, промоција и популаризација на неговиот мултиетнички карактер“ финансиран од Фондацијата Отворено општество, а кој има за цел да изврши увид и анализа во состојбата на најзначајните од културното наследство сочувани на територијата на Македонија.

-Жално е што сите однадвор ги знаат македонските вредностите, ги почитуваат, афирмираат, за разлика од нас дома, што е видливо пред се во отсуството на стратегијата на надлежните институции и Министерството за култура. Увидот кој го направиме и презентираме преку фотографии покажува дека станува збор за врвни наши антологиски дела, влезени во најзначајните публикации посветени на византиската уметност, а сега се препуштени на пропаѓање. Во ставката – заштита на културно наследство, три години по ред ние ги ставаме објектите од проектот Скопје 2014.

Буџетот, пак, за заштита, се намалува секоја година и сега на годишно ниво достигнува до 600.000 евра, што е фрапантно – рече Донка Барџиева Трајковска, претседателка на Центарот за културно наследство.

Она што е зачудувачки, додаде таа, е што во услови на постоење на институции и закон за заштита, токму Управа за заштита на културното наследство, се става во улога на некој што го крши законот и користи термин „рекреирање на културното наследство“.

– Кога нешто ќе го препознавате како свое – ќе најдете начин да го заштитите. Засега се инвестира само во друга култура и наследство кое ни се наметнуваат како наши, на сметка на ова кое пред наши очи пропаѓа – рече претседателката на Центарот.

Владимир Милчин, извршен директор на ФИОМ, отоврајќи ја изложбата рече дека е потребно е да се поднесе тужба за одговорните за оваа состојба.

Пред оваа изложба никој, до кра,ј немаше претстава за квантитетот и степенот на опустошување на она што не’ легитимира пред нас самите и пред светот, рече Милчин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.