Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изречени пресуди за обвинетите во предметот „Чекан“

0
By Нова ТВ on July 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 12, 2016 11:50

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и одржани судски рочишта на кои беа изведени предложените докази, денеска надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје ги објави осудителните пресуди за обвинетите за сторените кривични дела  Лихварство и Изнуда од Кривичниот законик.

Вкупно на обвинетите им е изречена затворска казна од 53 години и 6 месеци, и тоа поединечно:

– на обвинетиот Ф.А. казна затвор од 11 години и 6 месеци

– на обвинетиот А.М. казна затвор од 8 години и шест месеци

– обвинетиот  И.А. е осуден на затвор од 7 години и шест месеци

– обвинетиот Р.С е осуден на 9 години и 3 месеци

– обвинетиот Ф.М – на 11 години и 6 месеци

– обвинетиот З.А. на 2 години и 6 месеци.

– обвинетиот Ш.Б., кој како командир на полициска станица помагал на другите осомничени во вршење на кривичните дела во периодот од 2009 до 2012 година е осуден на казна затвор од  2 години и 9 месеци

Едно лице со одлука на судот е ослободено од обвинение.

„Во текот на судењето беа изведени многубројни писмени и вербални докази, како и докази прибавени со посебни истражни мерки. Во судскиот процес беа сослушани над 45 сведоци предложени од обвинителството кои во своите искази јасно и категорично ги потврдија и објаснија сериозните закани и употребата на сила на кои биле подложени и кои врз нив ги вршеле сега осудените,“ истакна надлежниот јавен обвинител Маја Конеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Ценам дека Судот со изречените казни го утврди тоа што во обвинението го имав наведено и дека казните во целина соодветствуваат на сторените кривични дела. Осомничените се осудени на вкупно 53 години и 6 месеци години затворска казна, што за нас е правична осуда,“ додаде обвинителот Конеска.

За седум од осумтемина осудени, Јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата, ценејќи дека постојат законски основи за тоа.

Во предметот „Чекан“  е опфатена криминална  група која дејствувала во континуитет почнувајќи од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.

Во криминалната група беа гонети 21 лице, од кои со тројца осомничени Обвинителството постигна спогодба за признавање на вина во текот на истрагата. Со едно лице е постигната спогодба во фаза на оценка на обвинителниот акт.

Предметот за три лица е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство – Гостивар, а за петмина е донесена Наредба за запирање на истрагата.

Акција Чекан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.