Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Извештај од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ) Десет дена техничка влада: Злоупотреби, дезинформации и националистички наративи

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЦИВИЛ спроведува долгорочен мониторинг на изборните процеси во земјата од 2008 година. Како и во претходните години по Пржинскиот договор, дел од мониторингот на ЦИВИЛ е следење на работата на техничката влада, чиј состав беше изгласан во парламентот на 28 јануари.

На прес конференцијата на 9 февруари, во прес центарот на ЦИВИЛ, беа изнесена општа оценка и неколку илустративни примери од мониторингот на организацијата на функционирањето на техничката влада и текот на изборниот процес.

Според ЦИВИЛ, главна одлика на политичката кампања во периодот од 28 јануари до 7 февруари се дезинформациите и говорот на омразата кои дел од политичките ентитети во земјата ги користат како главно пропагандно орудие за постигнување предност пред политичките ривали.

Јавниот простор е под дожд од соопштенија во која има чисти дискредитации, без простор за политички дијалог или натпревар на идеи, стои во извештајот од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ЗА СРЕДБА МИЦКОСКИ – ТАРАВАРИ

Само два дена по формирањето на техничката влада беше објавена дезинформација дека имало средба меѓу лидерот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Белата палата“.

Таква средба, немало. Се работи за дезинформација.

ЏАФЕРИ, МЕТА НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ СО МАНИПУЛИРАНО ВИДЕО

Илустративен пример за тоа како се шират дезинформации и кои наративи ги придружуваат се дезинформациите поврзани со посетата на техничкиот премиер Талат Џафери на селото Форино, на 30 јануари.

На 1 февруари, беше лансиран видео материјал кој содржи аудио со извиците „Илирида, Чемерија, Косово“.

Се работи за манипулирано видео. Извиците во видеото не се од пречекот на техничкиот премиер, туку се дополнително додадени во видеото.

Тоа е дезинформација, чија „употребна вредност“ е да се поттикнат националистички наративи и да се предизвика меѓуетничка нетрпеливост.

ПОНИЖУВАЧКИ ОДНОС КОН ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР

ЦИВИЛ нотира дека, како и за време на претходните парламентарни избори во 2020 година, дел од новоназначените министри ја користат новата позиција за да водат политичка кампања која не е дел од нивната функција.

„Инспекцијата“ што ја спроведе техничкиот министер за внатрешни работи во матичните служби при МВР, снимена на видео и објавена во медиумите и на социјалните мрежи, каде што службениците се ставени во подредена и понижувачка позиција, не се дел од демократски амбиент и процес соодветен на мандатот во техничката влада.

ТЕХНИЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ КРЕИРА МЕГА КАБИНЕТ

ЦИВИЛ дојде до информации дека новоназначениот технички министер за внатрешни работи, за само неколку дена го зголеми обемот на својот кабинет за повеќе од два и пол пати. Тој во својот мега кабинет распоредува 16 вработени во министерството и дополнително ангажира две лица од надвор, односно вкупно 18 лица.

Се работи за крајно невообичаена постапка, ако се има предвид дека мандатот на министерот, а со тоа и на советниците е само сто дена, а особено ако се има предвид дека министерот за внатрешни работи во редовниот состав на владата имаше вкупно шест советници, вклучително и шефот на кабинет.

Во врска со ова, ЦИВИЛ упати прашање до МВР и до кабинетот на техничкиот министер за внатрешни работи, но до почетокот на прес конференцијата, не доби никаков одговор.

ЗАКЛУЧОК: ДЕСЕТТЕ ДЕНА НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА ГИ КАРАКТЕРИЗИРААТ ЛАЖНИ НАРАТИВИ, НАЦИОНАЛИЗАМ И ПОТПАЛУВАЧКА РЕТОРИКА.

Општо земено, според наодите на мониторингот на ЦИВИЛ, се бележи дека десетте дена на техничката влада ги карактеризира дискредитирачки тон во јавната комуникација, исполнет со низа лажни наративи, национализам и потпалувачка реторика.

Проевропската ориентација не се напаѓа директно, но пораките во јавната комуникација упатуваат дека во земјата има две остро спротивставени политички групации. Дел од политичките ентитети, иако не се секогаш директно насочени против евроатлантските интеграции на земјата, својата јасна антизападна ориентација ја манифестираат преку континуираните дискредитирачки наративи и ревизионизам на стратешки важните одлуки и процеси кои ја поддржуваат евроатлантската ориентација на државата.

Што се однесува до измените во Изборниот законик, ЦИВИЛ беше многу активно вклучен во Работната група за изборни измени што ја формира Министерството за правда. Документот со измените беше завршен во ноември 2023 година, но тие сè уште не се изгласани во парламентот. Според препораките на ОДИХР и релевантните домашни организации во земјата, измени во Изборниот законик може да се прават најдоцна шест месеци пред одржување на изборите. Работната група го испочитува рокот. Политичките партии го пробија рокот.

ЦИВИЛ Мониторинг тим

 

 

10 дена техничка влада дезинформации Избори 2024 мониторинг прес конференција ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.