Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗВЕШТАЈ ОД МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ)Едукативните содржини на ЦИВИЛ за борба против дезинформациите наидоа на одличен одзив, но во нив се препознаа и дезинформаторите, мразачите и пропагандистите

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 АНАЛИЗА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едукативните видео содржини на ЦИВИЛ во кои, во помалку од една минута се објаснуваат основните поими поврзани со дезинформациите, наидоа на одличен одзив и позитивни оценки кај голем број граѓанки и граѓани.

Во првото од 12-те видеа, се објаснува поимот ДЕЗИНФОРМАЦИЈА – намерно ширење лажни или погрешни информации за измама или манипулација, преку стратегиски и медиумски тактики за постигнување политички, воени или комерцијални цели. Понатаму, во едноминутното видео се вели дека „дезинформациите се глобална закана, поради способноста за брзо ширење лажни наративи во масовни размери“.

Фејсбук објавата со линк до текстот и видеото објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, има повеќе од 80.000 импресии и повеќе од 370 лајкови за само два дена.

Имаше и повеќе позитивни коментари, како и прашања од публиката. Освен во коментарите, организацијата доби и неколку десетици пораки во својот инбокс. На адреса на ЦИВИЛ пристигнаа и голем број честитки и пофалби, меѓу другите и поради начинот на кој се објаснуваат поимите, како што велат – кратко, јасно и прегледно. Комплименти има и за повеќејазичниот пристап. Освен на македонски, видеата и текстовите се и на албански и ромски јазик.

Одличен одзив, но и напад од тролови

Сосема очекувано, оваа иницијатива беше дочекана „на нож“ од познатата група тролови кои пружија „силен отпор“. Очигледно, тие во едукативните видео содржини се препознаа токму тие што шират дезинформации, пропаганда и теории на заговор. Според бројот и содржината на коментарите кои доаѓаат претежно од профили кои му се познати на мониторингот на ЦИВИЛ, не е исклучена можноста да се работи за оркестриран напад во кој наративите и пораките се препознатливи и постојано се повторуваат, без оглед на содржината и темата што се објавува на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Поддржувачите и симпатизерите на Путин, од кои најголем дел се и поддржувачи или членови на антизападни политички ентитети во земјава, влегоа во жестока контракампања во обид да ја дискредитираат работата и пораките на организацијата која постои веќе 25 години и ужива висок углед и доверба кај граѓанките и граѓаните на Северна Македонија, но и многу пошироко, во регионални и меѓународни рамки.

Илустративни примери за кампањата чија цел е да се дискредитира ЦИВИЛ

Во овој извештај, ги објавуваме најилустративните примери за кампањата чија цел е да се дискредитира ЦИВИЛ, да се омаловажи трудот на организацијата и да се убедат луѓето во нешто што е спротивно на фактите.

Профилот „Љупчо Павловски“ напиша: „Вие сте платени. За дезинформација“.

Профилната фотографија – руското знаме – доволно зборува за овој профил.

Профилот „Тања Невски“ коментира: „Поубав пример за дезинформација, нарачани и платени текстови од ова што вие го „пишувате“ здравје…“

На нејзиниот Фејсбук профил стои дека живее во Москва, Русија. Дополнителен коментар не е потребен.

Профилот „K. Теодора“ напиша: „Смешно, вие самите сте пример како се шират дезинформации…“.

Теодора, која пишува дека ЦИВИЛ шири дезинформации, објавува пропагандни содржини во кои, меѓу другото, пишува дека „Русија е житница, заштитник и хранител, а не малите и горди републики.“

Профилот „Ду Несторов“ пишува: „Па вие и вашиот портал сте најголемата дезинформација“.

Целиот профил на ликот му е исполнет со објави на Левица и шефот на таа партија.

Профилот „Александар Унгар“ се впушти во ад-хоминем дискредитација: „Дерала ти си подвижна дезинформација“.

Ако му се погледне профилот на Фејсбук ќе се забележи дека Унгар е „тврдокорен“ и љубител на Путин. Па не е ни чудно да има вакво мислење за ЦИВИЛ и Дерала.

Профилот „Виолета Македонка Галевска“ пишува: „Дезинформација е кога на вас ќе ви платат да го напишете тоа што го сака власта од СДСМ и ДУИ и да го убедувате народот во лагите кои ги кажуваат тие“.

Напишала коментар, си ја заврши задачата и сигурно отиде да се пофали во штабот на Левица, чии објави споделува редовно.

Снежана Велковска пишува: „Вие сте први што ширите дезинформации и лаги. Вие сте гнаса од портал и треба сите да ве блокираме. Еве прва јас…“.

Велковска постојано споделува информации поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.

Профилот „Митков Илија“ пишува: „Да има светско првенство во ширење дезинформации загарантирано ви е првото место“.

Ликот е е член на ВМРО-ДПМНЕ и љубител на Путин.

Хари Потер пишува: „Да ви се помочам на гомнарскиот дезинформативен портал“.

Ликот на Фејсбук е замотан со знамето на Вергина и објавува руска пропаганда. Една од пропагандните содржини е дека во Моска нема економска криза, односно не е осакатена од санкциите.

Профилот „Зоран Миленкоски“ коментира: „А вие демек вистината ја кажувате гниги фашистички.“

Профилот зад кој најверојатно стои актерот Сашо Тасевски кој стана познат, за жал, не по уметничкиот, туку по својот антизападен и националистички пропагандистички ангажман, веќе со години има „задача“ да плука по ЦИВИЛ. Тој не ја пропушти и оваа можност да се нафли со недолични изрази и говор на омраза против ЦИВИЛ.

Не останаа покусо ни други познати членови на трол армијата која шири дезинформации и говор на омраза.

Така, профилот „Златко Делов“ коментира: „Дезинформација е сето тоа што го објавувате на оваа северџанска страна.“ „Драге Станковски“ коментира: „Цивил продолжена рака на фашистите“, додека профилот „Љупчо Трајчевски“ се впушта во т.н. хаха-ганда, па пишува: „Цивил, портал платен од Кале и ЦИА, најде да зборува за дезинформации.“

Заклучок

Едукативните текстови и видеа, како што се ШТО Е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА?, БОРБА ПРОТИВ ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ 1 дел и 2 дел, како и ПОТЕКЛО НА ЗБОРОТ ДЕЗИНФОРМАЦИЈА и низа други, поместени во рубриката ЕДУКАЦИЈА, се наменети за информирање за основните поими и имаат цел да помогнат во борбата против дезинформациите. Тие се насочени и против последиците кои ги предизвикуваат креаторите и дистрибутерите на дезинформации, пропаганда, говор на омраза и теории на заговор. Очигледно, тие се најдоа засегнати со овие активности на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ МОНИТОРИНГ ТИМ

дезинформации едукација ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.