Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај во сенка: Ромската заедница со предизвици во областите вработување, образование, здравство, домување и граѓанска регистрација

0
By Marija Todorovska on May 16, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот фејсбук Romalitico
Фото: Скриншот фејсбук Romalitico
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ромската заедница продолжува да се соочува со сериозни предизвици, особено во областите на вработување, образование, здравство, домување и граѓанска регистрација. Бројот на регистрирани невработени Роми во АВРСМ е околу 10 отсто (10.388 Роми), од кои 93 отсто, односно 9.677 лица се Роми без завршено образование или со завршено основно образование, 4,13 отсто (430 лица) се со завршено средно образование и само 0,22 отсто (23 лица) се невработени со завршено високо образование, пријавени во Агенцијата за вработување. Голем дел од заедницата и понатаму останува активна во неформалната економија. Ова се наведува во Извештајот во сенка за имплементацијата на политиките за Роми во Северна Македонија.

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико денеска во Граѓанскиот Ресурсен Центар – Скопје го претстави својот нов тригодишен проект „Надвор од бариерите: Резилиетност на Ромите на Западен Балкан“, кој е финaнсиран од Европската Унија. Во рамки на проектот беше изработен Извештај во сенка за имплементацијата на јавните политики за Роми во Северна Македонија за периодот јули 2024 – февруари 2025 година.

Во сферата на образованието, само 472 или 1,3 отсто од децата кои се запишани во јавни градинки во учебната 2024/2025 година се Роми, а 150 од нив се ослободени од партиципација како дел од владините мерки за социјално ранливи семејства. Според Министерството за образование и наука, 97 отсто (10.787 ученици) од запишаните 6 отсто, односно 11.055 ученици Роми за учебната 2023/2024 го комплетирале основно образование, додека 94 отсто (1.772 ученици) од запишаните 2,7 отсто (1.867 ученици) Роми во учебната 2023/2024 го комплетирале средното образование.

Ова укажува на тоа дека стапката на осипување е намалена и Ромите имаат тенденција да го комплетираат своето образование. Според информациите од Министерството за образование и наука  во 26 општини се ангажирани 44 образовни медијатори кои се директна поддршка на децата Роми, а во април 2025 е донесен закон со кој оваа улога се воведува и во средното образование, таргетирано за деца Роми. Сепак, остануваат предизвици поврзани со децата со попреченост, сегрегацијата и пристапот до образование за возрасни, се наведува во Извештајот.

Во делот на здравството, 19 ромски здравствени медијатори биле активни во 2024 година, но буџетот за оваа програма е целосно укинат во 2025 година.

Иако стапката на смртност кај ромските доенчиња е намалена (3.01 отсто во 2023), таа и понатаму е највисока во споредба со другите заедници. Во категоријата од 25–44 години, Ромите сочинуваат 5 отсто од вкупните смртни случаи, што е значително повеќе од другите етнички групи. Во категоријата од 45–64 години, Ромите сочинуваат дури 37 отсто од вкупните смртни случаи, што е највисока стапка во однос на другите етнички групи во оваа категорија. Истовремено, се нотира сериозен недостиг на здравствено осигурување кај Ромската популација, стои во Извештајот.

Домувањето, како што се наведува, и натаму останува една од најкритичните области.

Народниот правобранител известува дека семејства со деца живеат во екстремно нехумани услови во објектот на ЈУ „Ранка Милановиќ“ во Скопје – без вода, струја и основни услови за живот. Во привремени објекти во Визбегово се сместени 80 лица, од кои 55 се деца. И покрај тоа што Стратегијата за Роми 2022–2030 и Уставот го гарантираат правото на домување, ефективни и трајни решенија сè уште изостануваат. Истовремено, дискриминацијата врз основа на етничка припадност останува системска – 27 отсто од пријавените случаи во 2024 година се однесуваат на Ромите, што е највисок процент споредено со другите заедници, се вели во Извештајот.

Според податоците од Министерството за финансии за 2024 година, вкупната реализација на буџетот за спроведување на Националната стратегија за Роми изнесува 91 отсто од планираниот буџет.

 Во 2024 беше направен и ребаланс на буџетот, со севкупно намалување од 1.940.000 денари од буџетот планиран за имплемнтацијата на Стратегијата за Роми. За 2025 година предвидени се 44.520.000 денари за спроведувањена стратегијата, но загриженоста постои поради потенцијалното влијание на овие кратења врз ефективноста на програмите наменети за ромската заедница, се наведува во Извештајот.

Извештај Ромалитико Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.