Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот е дежа ву, а неудобните гестикулации на Филе го покажуваат тоа

0
By Влатко Чаловски on October 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извештајот е дежа ву, нешто што е веќе видено, неудобните гестикулации и говорот на телото на Филе покажуваат што се крие зад воздржаните зборови, вели за НОВА, професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески.

Според професорот Малески, сеуште не може да се направи пробив, бидејќи и двете страни тактизираат. Тој вели, ЕУ се обидува да не ги сруши сите мостови со Македонија, да одржи каква-таква комуникација со властите. Додека Владата на Македонија пак, се обидува да ги раздвои двете нераскинливи нешта, односно реформскиот процес за што самата Влада смета дека е успешна, и решавањето на проблемот со името, кои сепак не можат да се раздвојат, а во догледно време ЕУ нема да ги смени своите правила.

Малески потенцираше дека во Извештајот, нотирани се општи работи кои сите ние ги знаеме, но Европската Унија се обидува да не ги драматизира причините за евентуално раскинување на врската, бидејќи и самата не сака да ги отфрли надежите за враќање на Македонија кон нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.

Воедно, Извештајот за напредокот на Македонија на својот пат кон ЕУ, кој денеска го презентираше еврокомесарот Штефан Филе, забележува дека Македонија не запрела со реформите, и дека ќе добие препорака по петти пат, но изрази особена загриженост за состојбата со медиумите, а на Владата и посочи особено да обрни внимание на ефективно имплементирање на препораките во сферата на владеење на правото, (слободата на изразување) и борбата против корупцијата.

Премиерот на Македонија, Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, и министерот за надворешни работи, Никола Попоски, го поздравија денешниот извештај како позитивен, и најавија понатамошно работење на проблемите нотирани од страна на Комисијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.