Британскиот европратеник и известувач за Македонија, Ричард Ховит, од денеска до петок ќе престојува во посета на земјата.
Како што пренесува Макфакс, Се очекува Ховит да има средби со лидерите на поголемите политички партии.
Пред своето доаѓање, Ховит повика Македонија да ја искористи можноста што ја доби со одлуката на Европскиот совет во декември, по четвртата препорака од Европската комисија за почеток на преговори.