Во рамките на осминафиналната ждрепка која се одржа денеска во Нион, Лигата на Шампионите ветува интересен февруари во 2018 година.
Натпреварувањето ќе продолжи во новата година, а првите мечеви ќе се одиграат на 13/14 и 20/21 февруари. Финалето е закажано за 26 мај на „Олимписки“ стадионот во Киев, а помеѓу осминафиналните двојки има неколку фантастични двојки:
Осминаафинале во Лигата на Шампионите:
Јувентус – Тотенхем
Базел – Манчестер Сити
Порто – Ливерпул
Севиља – Манчестер Јунајтед
Реал Мадрид – ПСЖ
Шахтјор Доњецк – Рома
Челзи – Барселона
Баерн Минхен – Бешикташ