Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид викендов реализираше еко-акција за чистење на изворите во Св. Наум. Од изворите беа извадени чаши, чинии, шишиња, капачиња и друг ситен отпад, објави OhridNews.

– Изворите во Св. Наум првпат се чистат по 50-тина години. Чистењето беше неопходно, бидејќи отпадот не само што ја уништува природата, туку и глетката на изворите на реката Црн Дрим – велат од клубот.
Клубот за подводни дејности „Охрид“, кој функционира веќе 36 години со сопствени средства, ресурси и опрема, изминатиов период успешно организираше еко-акции во Охридското, Преспанското и Дојранското езеро и каналот Студенчишта.
Изворите во Св. Наум за првпат се исчистени од ситен отпад.
