Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извршителот на масакрот во Тајланд е бивш полицаец наркоман, им влегол на децата додека спиеле

0
By Соња Крамарска on October 6, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку 34 лица загинаа, а други се повредени во напад со пиштол и нож од поранешен полицаец во предучилишен дневен центар во Тајланд.

Полицијата соопшти дека тој се убил себеси и своето семејство откако била организирана потера по него по нападот што го извршил.

Меѓу жртвите во градинката има деца и возрасни – полицијата соопшти дека напаѓачот пукал и ги избодел своите жртви пред да бега.

Мотивот е нејасен. Полицијата соопшти дека полицаецот бил отпуштен минатата година.

Се наведува дека меѓу жртвите на нападот има и деца на возраст од две години. Најмалку 12 лица се ранети.

„Пукачот дошол околу ручекот и прво застрелал четворица или пет службеници во центарот за згрижување деца“, изјави за новинската агенција Ројтерс локална која работела во близина.

„Најпрво луѓето мислеа дека тоа е огномет“, рече таа, додавајќи дека напаѓачот потоа насилно  влегол во заклучената просторија каде што спиеле децата.

Тајландскиот премиер Прајут Чан-оча го опиша пукањето како „шокантен настан“.

Полицијата го именуваше напаѓачот како Пања Камраб. Тој побегнал од местото на настанот со пик-ап „Тојота“ со бели четири врати со регистерски таблички од Бангкок.

Висок претставник на полицијата изјави дека меѓу жртвите има 23 деца, пренесува новинската агенција АФП.

Тој рече дека Камраб, полициски потполковник, бил отпуштен минатата година поради употреба на дрога.

Масовните престрелки во Тајланд се ретки, иако стапките на поседување оружје се релативно високи за регионот. Нелегалното оружје е исто така вообичаено во оваа југоисточна азиска земја, според новинската агенција Ројтерс.

Нападот во градинката доаѓа помалку од еден месец откако воен офицер застрела двајца негови колеги во база во Бангкок.

масовно убиство пукање во градинка Тајланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.