Загинаа осум студенти, а 15 се сериозно повредени, откако заради натежнатиот снег се урна таванот на амфитеатарот во јужнокорејскиот град Генџу. Како што јавуваат светските агенции полесно се повредени 58 лица.
Во моментот на трагедијата бил организиран пречек на студентите од прва година на Универзитетот за странски истражувачи.
Спасувачите стравуваат дека уште најмалку 10 лица можно е да се останати затрупани под урнатините.
Силната снежна виулица им пречи на спасувачите во операциите на вадење на преживеаните.
За време на инцидентот во зградата имало над 500 студенти.