Русите се тие кои поставија голем број на руска војска и воени возила на границата помеѓу Русија и Украина, вели во интервјуто за Си Ен Ен, привремениот премиер на Украина, Арсениј Јацењук.
На прашањето дали Украина е исплашена од напад од страна на Русија, Јацењук вели, голема е веројатноста за воен напад, а должност е на секој граѓанин да ја брани и да ја заштити својата земја.
– Веруваме дека има само една решение за кризата, мирно решение. Но ние нудиме мир а Русија нуди војна.
Во своето обраќање кон народот на Крим за кои потенцираше дека се Кримејци, дел од Украина, привремениот премиер на Украина вели, земјата ќе направи се за просперитет на луѓето од Полуостровот.
– Ќе направиме се што можеме со цел вие да просперирате, како дел од про-европска Украина, вели во интервјуто Јацењук.
Тој јавно праша која е целта на Русија и дали таа се залага за нов Советски сојуз, односно која е крајната цел на Москва.
Започнаа, вели Јацењук, со Крим и сакаат да завршат на границата со ЕУ и Украина, и ова е политичката и економска закана за цела Европа, и не само за неа туку за целиот свет.