(Видео од упадот во зградата на владата Доњецка)
Неколку припадници на вооружените украински сили распоредени во Крим преминале на страната на локалната власт. Ројтерс јавува дека руските трупи и оклопни возила се трупааат на границата, додека телефонските врски се во прекин.
Проруските сили го зазеле терминал за траектите на Крим. Украинскиот премиер Арсениј Јацењук предупреди дека воeниот судир во Украина претставува закана за целиот регион.
Во исто време рускиот премиер Дмитриј Медведев даде зелено светло за изградба на мост меѓу рускиот брег и Крим, Украина, преку теснецот Керч.
Медведев денеска изјави дека Русија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Украина, но оти претходните договори имаат обврзувачки карактер. Русија потпиша договор за изградба на мостот со сега веќе екс претседателот на Украина Виктор Јанукович.
Меѓународната заедница со предупредувања до Русија
Седумте водечки индустриски земји го откажаа учеството на подготвителните разговори за состанокот на Г8, кој треба да се одржи во Сочи, Русија. Според нив Русија го повредила територијалниот интегритет на Украина.
САД, Јапонија, Германија, Канада, Франција, Велика Британија и Италија – со осудија влегувањето на руската војска на Крим, како „јасна повреда на украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет“, но и како повреда на меѓународните обврски.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун побара гаранции за независноста на Украина и ја повика Русија да се воздржи од преземање активности кои би можеле да доведат до ескалација на кризата.
Тој денеска во Женева се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, со кого разговараше за најновата ситуацијата во Украина.
Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен упатувајќи кририки за воената интервенција на Крим, побара од „Русија да придонесе кон намалување на тензиите“.
Австрија која моментално е претседавач на Советот на Европа, повика на барање на Украина вонреден состанок.
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц оцени дека ЕУ, Советот на Европа, Организацијата за европска безбедност и соработка, како и ОН мораат заеднички да делуваат со цел пронаоѓање на мировно решение и смирување на ситуацијата во Украина.