Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Карпош, ќе ја поромовира својата нова партија под името ГРОМ, односно Граѓанска опција за Македонија, дознава НОВА.
Не сака да открие ниту едно од звучните имиња кои би биле членови на партијата.
-Македонија се чувствува потреба од нов политички субјект. Потребна е граѓанска ориентација. Партија која што треба да собере граѓани од различни националности, изјавува Јакимовски. Партијата треба да биде мултиетничка.
-Партија која заеднички ќе ги разрешува проблемите. Сметам дека токму ваква партија ќе го најде своето место на политичката сцена, изјави во интервју НОВА, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.