Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Иванов

0
By Нова ТВ on November 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Миле Јанакиески преку посредник барал да има средба со Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, дента кога Груевски на Фејсбук објави дека побегнал во Унгарија.

Во службената белешка која СЈО ја добило од МВР, и ја достави како доказ за барањето  на притвор за Јанакиески, а во која НОВА имаше увид пишува дека „посредникот остварил средба со Претседателот Иванов, со цел да издејствува амнестија за сите лица против кои се водат судски процеси од страна на СЈО. На средбата, посредникот го замолил Иванов да ги амнестира сите лица од најголемата опозициска партија за кои се водат судски спорови, меѓу кои и Миле Јанакиески, кој бил иницијатор на средбата“.

Иванов бил категорично против предлогот и рекол дека нема намера да амнестира.

Обвинителството врз основа на оваа службена белешка дошло до сознанија дека обвинетиот презема дејствија за бегство, а опасноста се зголемува имајќи ги предвид видот и висината на запретените казни на обвинетиот, пишува во барањето за притвор.

Вчера изутрина, Кривичниот совет го прифати барањето на СЈО и му одреди 30 дневен притвор на Јанакиевски.

„Фактот дека на Јанакиески му е пренесена информација дека кај Претседателот нема расположение за амнестија, што Јанакиески ја сметал за последна  шанса да избегне издржување на затворска казна, за советот е доволно уверување дека истиот веднаш ќе започне со организирање на бегство, пишува во образложението за одредувањето на притвор за Јанакиески.

Дополнителен аргумент за да му се одреди притвор на Јанакиески бил и фактот дека тој поседува повеќе банкарски сметки во странство.

Адвокатот на Јанакиески Еленко Миланов, по завршувањето на денешното рочиште за случајот „ТНТ“ на СЈО  за уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски ја пренесе изјавата на Јанакиески.

-Ме замоли мојот клиент Миле Јанакиески, бидејќи не може да зборува, дека не се точни наводите во таа службена белешка на УБК оти испратил посредник кај претседателот Ѓорге Иванов за да преговара да му даде амнестија. Јанакиески и Иванов се долгогодишни куќни пријатели кои се посетуваат на разни семејни поводи години наназад. Според тоа, не му ни треба посредник за да се видат. На 13 ноември, завчера, Јанакиески лично отишол кај Иванов за да разговараат за документ кој е дистрибуиран кај лидероте на партиите и кај странските амбасади и тој не бил тајна. За каков документ се работи, немам податоци, рече адвокатот Миланов.

Јанакиески е обвинет во пет случаи на СЈО: „ТНТ“, „Титаник“, „Траекторија“,„ Топлик“ и во „Насилство во општина Центар“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.