Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева во трето продолжение на Ла Верита: Лиле не може ништо без мене

0
By Нова ТВ on August 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанскиот весник Ла Верита денеска објави и трето продолжение за случајот „Рекет“.

Под наслов „Боки 13 се гордее со своето пријателство со македонскиот премиер Зоран Заев“ весникот објавува нови пет аудио снимки во трање од 27 минути меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев.

Во два од нив во кој се разговара за проседурата за враќање на пасошот на Камчев, за повикување на сведоци на распит во СЈО за случајот Империја, се слуша и женски глас, кој според разговорот е на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во првиот разговор, Јовановски и Камчев разговараат за процедурата за враќање на пасошот, при што во еден  момент Јовановски вели дека се сомнева во постапките на Камчев. Потоа разговорот мешу нив двајца телефонски го соопштува на жената за која весникто тврди дека е Јанева.

Во друг разговор, таа одговара на загриженоста на Камчев за постапките на обвинителката која го води предметот Империја, Лиле Стефанова.

-Јас сум премногу ангажирана затоа не ја држам редовно под контрола. Инаку она без мене не може ништо, вели женскиот глас, кој се слуша преку телефонот кој е ставен на звучник.

Во друг разговор каде повторно се слуша истиот женски глас, овој пат,му објаснува на Камчев дека тоа што во СЈО на распит биле повикани повеќе лица во врска со Империја од фирмите кои се во сопственост на Камчев, меѓу кои и братот на неговата сопруга, било за да „има помалку активности во сприл“, на што Боки вели дека е техничко прашање, а Камчев одговара со „Шминка, шминка…“.

Во третиот разговор Јовановски и Камчев разговараат за целата процедура како ќе биде ослободувањето при што Јовановски го уверува дека тој знае што прави, при што споменува дека парите (еден милион) треба да се обезбедат до среда. Во истиот разговор станува збор и за случајот Империја и за тоа како бил бизнисот меѓу фирмите кои се споменуваат во овој случај. Боки го советува Камчев да не контактира со други за овој случај, на што Камчев му одговара дека „сите сакаат да пробаат, ама се знае кој клуч отвора врата“.

Во продолжение се споменува и името на Сашо Мијаков про што Јовановски му кажува  на Камчев дека ќе има пресуда за него и како што вели „веројатно одма во затвор ќе го стават на лежење“.

-Од таму се сите г…а, не сме ги измислиле ние. Кој си правел нека си срка, ние бизнис тераме. а не политика,полиција, прислушување, уцени не сме научени на тие прикаски, вели Камчев.

-Добар си, добар си ти во разговорите, одговара Јовановски.

Во последниот од објавените разговори, Боки го информира Камчев за средба со Заев.

БЈ: Утре се глеам со него

ЈК: Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

-Знам што тој збори, знам што сум зборел со него за тебе, не знае никој, одговара Боки.

Во последниот разговор, Јовановски го информира Камчев дека се најдени две решенија и го советува да не разговара со адвокати и дека тој е тука во негова полза. Договараат средба очи во очи, бидејќи како што вели Јовановски се воздржува додека зборува преку телефон. Јовановски кажува дека се сомнева дека некој им ги слуша разговорите.

По вчерашната објава на Ла Верита каде за првпат се слушна гласот на Јанева на снимките, таа ја потврди автентичноста на разгворот со Камчев, но тврди дека за тоа имало оправдана причина.

„Како  Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на информации како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно“, се вели во писмената изјава на Јанева.

Обвинителката Лиле Стефанова чие име се споменува во денеска објавените аудио – снимки од разговворите меѓу Боки 13 и Орце Камчев, во писмена изјава пак, тврди дека осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски се обиделе да извршат влијание врз предистрага за Империја, користејќи го нејзиното познанство со Ванчо Чифлиганец, кој како што вели Камчев во еден од разговорите му побарал дуќан за стоматолошка ординација за Стефанова.

Стефанова исто така во изјавата тврди дека Јанева му го укинала кучниот притвор на Камчев и му го вратила пасошот, иако таа како обвинител која го водела предметот Империја не се согласила со тоа.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески за НОВА вчера најави дека сите инволвирани ќе бидат сослушани или распитани, но поради доверливоста на постапката однапред  не може да се соопшти што презема Обвинителството и дека истрагата трае без разлика на годишните одмори.

Премиерот Заев вчера на Фејсбук само кусо напиша дека „истрагата мора да ги открие сите детали, секој да одговара за своите постапки, граѓаните заслужија правда“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.