Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша е соочен со ново обвинение откако Јавното обвинителство на Словенија побараа отпочнување истрага за корупција.
Тој е осомничен дека во 2005 година склучил сомнителни зделки со имоти, за време на неговиот прв мандат како премиер, што траеше од 2004 до 2008 година.
Обвинителите истражуваат дали тој во тоа време продал земја за 130.000 евра, 10 пати над нејзината пазарна вредност, и на градежни претприемачи им дозволил приватно да го финансираат купувањето на неговиот дом за 100.000 евра.
Во јуни минатата година Суд во Љубљана го прогласи Јанша за виновен по обвинението дека во 2006 година побарал два милиона евра од финската компанија за оружје „Патрија“ во замена за склучување на договор за набавка на оклопни транспорети, вреден 278 милиони евра. Тој притоа беше осуден на две години затвор, но остана на слобода во очекување на пресудата по жалбата.