Љубљанскиот окружен суд упатил позив за издржување на двегодишна казна затвор на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, објави денеска љубљански „Дневник“, повикувајќи се на свои извори.
Судот кон крајот на минатиот месец на Јанша, кој е претседател на опозиционата Словенечка демократска партија, му ја потврди затворската казна изречена од првостепениот суд.
Јанша е осуден за примање на ветување за мито од компанијата Патрија, која склучила договор вреден 278 милиони евра за испорака на оклопни возила за словенечката војска во 2006. година, во времето додека тој се уште беше претседател на владата.
Неговите адвокати поднесоа жалба до Уставниот суд, зашто за време на судењето биле кршени човековите права.