Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јаниќиевиќ:Ние сме во идентична ситуација од пред 200 години

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


„Оливер Твист е дело кое одамна сум сакал да го поставам, но да бидам искрен дури сега се почувствував спремен и уметнички зрел“, вели за НОВА, режисерот Срѓан Јаниќиевиќ.

Оперетата за деца „Оливер Твист“ завчера беше премиерно прикажана во Тетарот за Деца и малдинци во Скопје, а е насочена кон децата на возраст од десетина години и поголеми.

„Оливер Твист е дело кое е напишано во ерата на индустриската револуција и почетокот на најсуровиот капитализам кој со својата бруталност, неправедност и лакомост не потсетува дека не сме се поместиле скоро воопшто во исправањето на она што Дикенс го критикувал“, вели Јаниќиевиќ.

„Ако го погледнеме револтот кон овој систем низ целиот свет како на пример Occupy движењето против социјалната и економска нееднаквост ќе видиме дека сме во идентична, ако не и полоша ситуација од пред 200 години. Мислев дека е потребно овие етички вертикали кои Дикенс толку јасно и чисто ги поставува во Оливер Твист треба да им се доближат на младите “дами и господа” и да влијаат врз нив како што влијаеле и на мене кога бев дете. Тоа беше причината да го поставам ова дело на сцената на Театарот за деца и младинци.

– Претставата е навистина многу комплексна и бараше од сите нас да се вложи огромна енергија, но сепак мислам дека сите уживавме во целиот процес и тоа вчера се виде по реакцијата на публиката“, смета режисерот.

Музиката, која е значаен фактор во една оперета е дело на Игор Василев-Новоградска, додека корепетитор е Надежда Рубен. Костимите и сценографијата се дело на Кирил Василев.

Главниот лик, т.е. нашиот Оливер Твист ќе го игра Бојан Кирковски. Од повозрасната театарска екипа, во оваа оперета ќе играат: Владимир Лазовски, Изабела Новотни и Драган Довлев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.