Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска, Јанакиески и Амди Бајрам во „бомбите“ за изборите 2013

1
By Нова ТВ on October 18, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со слушање „бомби” во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за Титаник на СЈО за изборните нерегуларности.

Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, како и екс министрите за транспорт и врски Миле Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Пред почетокот, обвинетиот Илија Димовски побара одложување на рочиштето за да може да присуствува на седница на собраниска комисија на која е член и предлагач на пет точки.

– Синоќа доцна по завршувањето на седницата за денеска во 12 часот е закажана нова седница. На една од точките е и Државната комисија за антикориупција, рече Димовски.

Лиле Стефановска од СЈО, рече дека нема проблем доколку е важна седницата, но барем да се работи до 11.45 за да не биде пропаднат денот.

Во предметот „Титаник“ предложени се повеќе од 1.000 аудио снимки во листата на материјални докази од СЈО, од кои на досегашните рочишта преслушани се повеќе од 500.

Најголем дел од „бомбите“ на денешното рочиште се од 24 март 2013 година, кога беа локалните избори, од кои се слуша како Миле Јанакиески се јавува по луѓе, за да се информира како оди излезноста, дали се јавуваат на да излезат и какви се шансите за победа со моменталната излезност.
– Не треба да заминеме 60 проценти, ако заминеме  тоа ме плаши вака ако оди ќе имаме 65 отсто, не треба да надминеме 65 проценти и победуваме, вели Јанакиески, разговарајќи со новинарот Латас за излезноста и шансите за победа со таква излезност.
Од разговорите се слуша како Јанакиески се јавува по луѓе и бара од нив „да притиснат повеќе, да се работи во кол центрите и да истурат повеќе луѓе каде се послаби, па дури вели и да ср јавуваат по фирмичиња со кои имале соработка“.
Јанакиески разговара и со Снежана Трпевска од Унијата на жени и бара да притиснат во Маџар Маало, каде излезноста била мала. – Нема проблем, тука сум јас во канцеларија, вели Трпевска.
Јанакиески разговара со Гордана Јанкуловска дека во 4:00 и 4:30 доаѓаат два авиона со Албанци во Охрид, па размислуваат како да ги спречат да гласаат, „дали да го задржат некако авионот да врти пред да слета, дали скалите за симнување да се постават подоцна или пак да се направи некоја сообраќајка, да се преврти трактор да не може со коли да ги земат“.
– А, да превртиме камион со песок или нешто така цело да се блокира, му вели Јанкулоска на Јанакиески.
Јанакиески во разговор со Никола Груевски му кажува дека се работи и дека имаат 100 кол центри што цело време се јавуваат.
Пуштен беше и разговор на Јанакиески со Амди Бајрам и бара од него да притиснат, зошто немало излезност на Кале. Амди на тоа му вели „па идеме, како не идеме, па во куќи им влеговме“.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.