Претседателот на Украина Виктор Јанукович е согласен во државата да биде составена коалициска „аполитична“ влада, објави денеска претседателот на парламентот, Володимир Рибак.
Државата не може да биде без влада, изјави Рибак на средба со претставници на Парламентарното собрание на НАТО. Тој додаде дека таквата влада треба да биде „аполитична и да е фокусирана на економските проблеми во државата“.
Украинскиот претседател Виктор Јанукович и еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска разговараа за решавање на политичката криза во Украина, соопшти Кабинетот на Јанукович.
Јанукович ја истакна активната улога на ЕУ и Советот на Европа во трагање по демократски решенија на кризата во Украина.