Претседателот на Украина Виктор Јанукович денеска го разреши досегашниот началник на армијата генералот Володимир Замана. Него ќе го замени досегашниот прв човек на украинската морнарица Јури Илјин.
Иако причините за смената на Замана не се наведени, познати беа несогласувањата помеѓу армијата и државниот украински врв. Замана претходно одби да прогласи воена состојба и отворено кажа дека нема намера да ги напаѓа демонстрантите.
Украина буквално гори во последните 48 саати. Според податоците на украинското министерство за здравство досега повеќе од 1000 луѓе се повредени, а има и 26 мртви, меѓу кои и еден новинар на киевскиот весник „Вести“ кој загина од снајперски оган отворен од специјалната полиција, како и 7 полицајци.
Додека Јанукович го затега обрачот околу демонстрантите ангажирајќи ја дури и специјалната полициска единица „беркут“, САД и ЕУ најавија можни санкции за Украина, доколку не престане насилството.

