„Јас не сум соборен претседател, туку легитимен шеф на државата, избран на избори. Од Украина заминав бидејќи мојот и животот на моето семејство беа загрозен од неофашистите, кои не ставија на црниот список“, изјави соборениот од власт претседател Виктор Јанукович на прес- конференција во Ростов, Русија.
На новинарско прашање за состојбата во Крим, одговори дека Крим треба да остане во составот на Украина.
Денеска швајцарските власти му ги замрзнале сметките и покренале кривична истрага против Виктор Јанукович и неговиот син Александар поради перење пари.
Се проценува дека Александар Јанукович имал богатство од над 500 милиони долари, а во Женева трговско претпријатие специјализирано за продажба на украински јаглен.
Претходно австриското министерство за надворешни работи соопшти дека ги замрзна сметките на 18 Украинци поради кршење на човековите права и корупција.