Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанукович: ова е државен удар и немам намера да дадам оставка

0
By Нова ТВ on February 22, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина Виктор Јанукович денес рече дека во државата е направен државен удар и одби да даде оставка додека истовремено опозицијата почна да ги освојува сите делови на власта а парламентот изгласа ослободување на опозиционерката Јулија Тимошенко.

«Ова е државен удар и немам намера да дадам оставка», рече Јанукович кој се наоѓа на истокот на земјата во Каркив. Тој додаде дека нема да ја напушти земјата ветувајќи дека се ќе стори да не дојде до крв на улиците.

Попладнево опозицијата во парламентот гласаше деституција на претседателот и најави избори за 25 мај.

Володимир Рибак, претседателот на украинскиот парламент и близок соработник на претседателот Виктор Јанукович, сабајлево поднесе оставка на оваа функција. Истовремено, во последните часови, повеќе пратеницу на Партијата на регионите која е на власт, се одлучија за истиот чекор.

Александре Турчинов, десната рака на Јулија Тимошенко, беше избран денес за нов претседател на украинскиот парламент.

Армијата од своја страна преку соопштение рече дека нема да влегува во конфликтот.
По гласањето на ослободувањето на Тимошенко нејзините поддржувачи се собраа пред болницата во која таа е на лекување, блиску до затворот на Каркив и скандираа «Јулија, те чекаме!».

Во истиот град на истокот на земјата е и Јанукович кад што учествува на конгрес на политичари од про-рускиот исток на земјата. Овие политичари сметаат дека парламентот во овој момент не е легитимен и дека работи под вооружена закана. «Одлуките на парламентот донесени во вакви услови не тераат да не верваме во добрата волја на институцијата, нејзиниот легитимитет и легалноста. Територијалниот интегритет на земјата е под закана», сметаат тие.

Да потсетиме дека Украина со своите 46 милиони жители е поделена помеѓу источниот русофилски дел и западниот украинофилски дел.

На плоштадот Мајдан илјадници луѓе се се уште собрани во очекување на вести од политичката ситуација. Многумина носат цвеќиња за да им оддадат почит на 80те загинати во последните денови.

На меѓународниот дипломатски план земјите на ЕУ сметаат дека ситуацијата и натаму е кревка. Според францускиот шеф на дипломатијата економската ситуација на Украина е загрижувачка. Русија вети кредит од 15 милијарди долари и намалување на цената на гасот. Од оваа сума во декември се испратени три милијарди но неделава Москва го повлече плаќањето на уште две милијарди така што испраќањето на остатокот е неизвесно.

Агенцијата Стандард анд Пурс најави дека Украина, која мора да врати сума од 13 милијарди долари од долгот, ќе се најде во голема незгода доколку Русија не ја испрати помошта. ЕУ најави помош од 610 милиони евра, но оваа сума е не може да го надомести долгот што треба да се плати.

Русија изјави исто така дека опозицијата е закана за сувереноста на Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.