Претходниот соборен украински претседател Виктор Јанукович се наоѓа во критична состојба во московска болница откако преживеал срцев удар, пишува московскиот весник „Комсомољет“
Владимир Путин вчера ги отфрли шпекулациите дека Јанукович починал од срцев удар. На прес-конференцијата во средата рускиот претседател изјави дека украинскиот лидер е жив и здрав. Јанукович последен пат е виден во јавност пред точно една недела.