Веќе трет ден по оставката на украинскиот премиер Микола Азаров, претседателот Виктор Јануковиќ не именуваше нова влада, засега в.д. премиер е поранешниот потпретседател Серхи Арбузов. Откако замина на боледување Јануковиќ создаде политички вакум во екот на кризата.
Тој соопшти дека владата ги исполнила сите обвски, „но опозицијата продолжува да ја распалува ситуацијата повикувајќи ги луѓето да стојат на студот во полза на политичките амбиции на некој водач. Јас мислам дека е тоа погрешно“.
Отпорот не отстапува од барањата сите демонстранти да бидат ослободени без условно и останува на плоштадите, власта пак не отстапува од своето демонстрантите да ги тргнат барикадите.