Стронциум-90 е откриен во дождовницата што истекла од заштитните прегради околу цистерните за чување на радиокативната води на оштетената јапонска нуклерана централа „Фукушима-1“, соопшти компанијата оператор на нуклерката ТЕПКО.
Според податоци на компанијата, истекувања биле регистрирани во 11 одделни станици на групите резервоари, околу кои има бетонски прегради.
Највисоката регистрирана соддржина на радиоактивниот стронциум-90 изнесувала околу 710 бекерели на литар течност, што е 70 пати повисоко ниво од максимално дозволеното.
Причина за истекувањето на радиоактивната супстанца се поројните дождови, кои во текот на целата измината недела врнеа во реонот на централата и се засилија за време на викендот. Вчера врнежите достигнаа 30 милиметри на час, додека височината на бетонската ограда што е крената околу резервоарите изнесува 30 сантиметри.