Тајфунот „Вонгфонг“ кој воедно е и најголемата бура оваа година во Јапонија, пристигна до островот Кјушу откако „удри“ на островот Окинава, каде што повредени беа околу 40 луѓе.
Во Јапонија откажани се повеќе од 300 авионски летови, а нарушен е и распоредот во железничкиот сообраќај. Околу 150.000 луѓе треба да се евакуираат, пренесува Би Би Си.
Според јапонсите метеролошки претставници тајфун веќе утре би можел да достигне и до главниот град на земјата, Токио.
Метеролозите велат името на тајфунот значи „оса“, кој носи огромни количини на дожд и ветар до 175 километри на час.
Јапонците очекуваат поплави и лизгање наземјиштето доколку „Вонгфонг“ достигне до планинските врвови на островој Кјушу.