Јапонскиот премиер Шинзо Абе ја зацврсти власта- според анкетите, дојде до силна победа на неговата Либерал-Демократска Партија и јуниор партнерот Нова Комеито на изборите за дел од претставниците во Горниот дом на Парламентот.
Според предвидувањата, ќе земат најмалку 71 парламетарно седиште од 121 кои се натпреваруваат, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на проекциите на НХК телевизијата.
Со тоа, Абе во наредните три години ќе ја има контролата во двата дома на Паралементот, за прв пат во последните шест години.
Г-дин Абе изјави дека очекуваниот резултатот беше поддршка на неговите економски реформи, како што тој се обидува да стави крај на долгорочна стагнација.
Застојот во Собранието се гледа како клучен фактор во јапонската “ротирачка врата” на премиери.
Официјалните резултати не се очекуваат до понеделник.