Емилија Целакоска: Јас се оградувам од предавничкото и саможиво однесување на оваа влада, која тешко може да се нарече македонска, според ова поведување на лицето со иницијали Х.М. (наводно – премиер), спротивно од Европа и Украина. Ова вазалство и кичмење кон – божем – решавач на војна, а во суштина ограбувач на минерали од Украина, барем да е за наши убави (езерски!) очи или за наш бенефит, но не е!Ова Мицково полтронство на Трамп ништо не му значи, но за нас е пресуда дека нема ЕУ со оваа влада. Всушност, ова е чекор кон уништување на Македонија. Со овој акт се откачува ЕУ и со тоа и најпрвиот кластер за уредување на судството и владеење на правото. Односно, се поканува корупцијата и криминалот во Македонија, судии од тефтери и слободен пат за фашистичко изживување врз македонското население.