НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавна расправа за измените на Законот за работни односи, а не нивно носење по скратена постапка, бараат од СКСМ

0
By Sashko on April 11, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање за неусвојување на предложените измени и дополнувања на Законот за работни односи во законодавниот дом и апелира за законите во иднина, конечно, да се носат низ транспарентен и инклузивен процес, со вклученост на засегнатите страни.

Од комората велат дека барањето е последица на бројни реакции од компании кои се нејзини членки во врска со Предлог законот што е во собраниска процедура.

„Законот за работните односи е комплексен закон (Устав за работниците), за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка. СКСМ многу добро знае за да не се одговори на ова наше барање може да се искористат десетици други правни процедури и акти. Но ако се има волја и одговорност за моментот во кој се наоѓаме предлог законот може да се врати на јавна расправа“, порачуваат од комората.

Од Комората, во име на своите членки кои обезбедуваат 50,3 проценти од вкупниот приход, 47,6 проценти од нето добивката и 33,7 проценти од вработените во приватниот сектор, потенцираат дека не смеат да се носат измени и дополнувања на системски законите без дијалог со засегнатите страни.

Со измените, како што појаснуваат, е предложено намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време од 5 години на 6 месеци и намалување на крајниот рок за исплата на платите, односно наместо до 15-ти во месецот, платата да се исплаќа до 5 во тековниот за претходниот месец.

„Да не се враќаме на периодот (2015 година) кога Собранието донесе 541 закон од кои според податоците од канцеларијата на УСАИД во Македонија 57 проценти се донесени преку ноќ без јавни консултации. При разработка на некое одредено прашање, успехот е да се соберат, условно кажано, сите спротивставени страни, да седнат и да направат концензус во однос на разликите, со цел да се дојде до правилата кои ќе бидат применливи и јасни за сите. Во спротивно ова би придонело дополнително да се зголеми бројот на работниците кој ќе останат без работа. Претставниците на компаниите посочуваат и дека фактот дали вработувањето е на определено или неопределено време воопшто не влијае од аспект на остварување на правата од работен однос“, наведува комората.

Вакво или слично решение како предложеното, посочува СКСМ), не може да се сретне ниту во земјите во регионот (на пример во Србија договорот на определено време може да трае до 24 месеци, во Хрватска до 3 години, итн.), ниту пак пошироко во Европа.

„СКСМ смета дека право да критикува има оној кој е подготвен да помогне, а ние сме подготвени на тоа во интерес на државата“, истакнуваат од Стопанската комора на Северна Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.