Загрижувачки показатели во водењето на економијата на власта- јавниот долг на Централната влада во април достигнал ниво од 34,1% од бруто домашниот производ. Бројките укажуваат дека јавниот долг од 34 % од БДП, измерен во април годинава, претставува највисоко ниво во последните седум години
Најновите податоци на Министерството за финасии на нивниот Веб-сајт покажуваат дека и во април продолжил трендот на пораст на јавниот долг.
Во апсолутни бројки, заклучно со април долгот изнесува 2 милијарди и 716 милиони евра, што во однос на март преставува пораст од 13,4 милиони евра.
Со почетокот на оваа година продолжи трендот на пораст на јавниот долг, така во однос на декември 2012 та година, за четири месеци задолжувањата се поголеми за 172 милиони евра.