Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јавното обвинителство нема да постапува по случајот „Македонска банка“

0
By Нова ТВ on June 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното обвинителство нема да покрене постапка за аферата „Македонска банка“ поради тоа што прибавените докази не биле доволни за случај. На веб страницата на Државното јавно обвинителство денеска осамна соопштение за јавноста во кое тие информираат „дека нема основа за сомнеж за сторено кривично дело“ во случајот „Македонска банка“ кој го отвори Социјалдемократксиот сојуз. Ви го пренесуваме делот од соопштението каде се објаснуваат причините за оваа одлука.

„Со цел да се проверат наводите во пријавата Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција изврши проверки, односно се обрати до Архивот на Република Македонија, Народна банка на Република Македонија, Централниот депозитар на хартии од вредност, како и до ликвидаторите на Македонска банка АД и брокерската куќа Макброкер АД .

Од анализата на прибавените материјални докази произлегува дека нема основи на сомнение за сторено кривично дело – Противзаконито посредување по чл.359 од КЗ.
Имено, ова кривично дело го врши тој што ќе прими награда или друга корист со искористување на својата службена или општествена положба и влијание за да посредува за да се изврши или да не се изврши некое службено дејствие.

Евидентно е дека во текот на 2003 година Македонска Банка АД, согласно барањата на Светска банка, имала законска обврска да ги отуѓи акциите, заради што отпочнал и процес на разгледување и утврдување на динамиката и можностите за промена на акционерската структура во банката. За реализација на овој процес неопходно е добивање и на согласност од Народна банка на РМ која се изготвува по претходно доставено барање од заинтересираното правно лице и прибавена потребна документација со цел да се изготви релевантна анализа на сите финансиски, деловни и стратешки показатели кои би го оправдале таквото барање за промена на сопственичка структура.

Во конкретниот случај Народна банка на Република Македонија на 11.12.2003 година, постапувајќи по барањето поднесено од „Јака 80 АД Радовиш“ од 26.11.2003 година, кое барање се темели на претходно посебно донесени одлуки од заинтересираните правни лица, има издадено решение со кое е дадена согласност „Јака 80 АД Радовиш“ да се стекне со учество од 67,89 проценти во акции со право на глас во Македонска банка АД Скопје, кое се заснова на купување на акции од постоечките акционери на банката, со обврска трансакцијата за стекнување на акциите да се изврши во рок од 60 дена од денот на добивање на согласноста.

Процесот на промена на сопственичката структура е извршен во текот на месец декември 2003 година кога се извршени и нетрговски преноси од и на сметки за хартии од вредност на брокерската куќа Мак брокер ,,во ликвидација“, односно се извршени групни продавања и купувања на хартии од вредност.

По завршување на овие трансакции веќе во месец јануари 2004 година формиран е и започнал со работа новиот Управен одбор на банката, а продолжил и процесот на докапитализација на банката.

Сето ова јасно упатува на тоа дека процесот на промена на мнозинската структура во банката е завршен веќе во месец јануари и истиот се одвивал согласно тогашните законски прописи. Имајќи го во предвид наведеното, јавното обвинителство цени дека во конкретниот случај нема основи на сомнение дека пријавениот превзел дејствија на влијание и да за таквите дејствија примил некаква имотна корист.

Но и покрај тоа, иако нема докази да пријавениот влијаел врз било кого со било какви дејствија, доколку постоело влијание и посредување врз мнозинството акционери во Македонска банка АД Скопје, за да ги продадат акциите од 51 проценти на Јовица Стефановиќ Нини и обратно истиот да ги купи, евентуално би се работело за ставот 6 од чл.359 од КЗ, за кој според Кривичниот законик е запретена казна затвор од една до десет години.

Согласно чл.107 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, доколку поминат десет години од извршување на кривичното дело, а во тој период не се преземе ниту едно процесно дејствие, во тој случај не може да се преземе кривично гонење.

Тоа значи дека кога е поминат овој рок јавниот обвинител нема никаков правен основ да превзема дејствија насочени кон проверки и истражување на било кој кривично правен настан, како што е и настанот наведен во кривичната пријава, дотолку повеќе што и кога е поднесена кривичната пријава застареноста на кривичното гонење веќе е настапена.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека од содржината на кривичната пријава не може да се утврди постоење на битни елементи на кривичното дело Примање поткуп од чл .357 од КЗ.

Имено, ова кривично дело го врши службено лице кое директно или индиректно ќе побара или ќе прими подарок или друга корист или ќе прими ветување за подарок или друга корист за себе или за друг за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши .

Во конкретниот случај пријавениот Никола Груевски како пратеник во Собранието на РМ и Претседател на политичката партија ВМРО ДПМНЕ го немал својството кое законот го бара за да во рамките на своите службени овластувања изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, а во врска со продажбата на акциите на Македонска банка АД Скопје и за тоа директно или индиректно да побара или прими подарок или друга корист или ветување за подарок или корист за себе или за друг“, се вели во дел од соопштението на обвинителството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.