Хаос со рентген апаратите во државата. Два месеца не работат апаратите во болницата „8 септември“, а цела недела е расипан апаратот за Компјутеризирана томографија.
Во Градската хирушка болница„Св. Наум Охридски“не работи апаратот за КТМ. И на Клиниката за радиологија не работи ист таков апарат, а тој што е сместен на хирургија често се расипува. Слична е ситуацијата и во поликлиниките.
Состојбата е драматична. За снимање на рентген се чека со недели и месеци.