После еден месец молчење на градскиот плоштад, Јелена Топиќ од Приједор, која го привлече вниманието со својот перформанс во текот на кој не изусти ни еден единствен збор, конечно проговори.
Таа го објасни својот перформанс „Гласно молчење“. Јелена стоеше на плоштадот секој ден по три часа, без оглед на временските прилики, а своите мотиви не им ги објаснила ни на членовите на семејството пред да почне со својот проект.