Министерот за одбрана на Јемен, Мохамед Насер Ахмад и уште двајца високи функционери од безбедноста, преживеале атентат кога бил нападнат конвојот во кој се наоѓале.
Министерот, шефот на обавештајната служба и шефот на војната полиција патувале низ провинцијата Абијан кон регионот на Шабва, кога бил нападнат конвојот, јавува AFP.
Ниту еден од нив не бил повреден при обидот за атентат, по што следело пукање од двете страни. Обидот за атентат се случил непосредно по убиството на еден од командантите на Ал Каеда, од страна на безбедносните сили.