Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО покрена обвинение во врска со случајот „Диамед“

0
By Нова ТВ on April 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството поднесе обвинителен акт против Вера Иванова, поврзано со аферата за дијализа.

-По спроведена повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 5 во врска со став 3 во врска со став 1 и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ предвидено и казниво по член 273 ст.1 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство.

– Обвинетата В.И., како одговорно лице – управител на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, искористувајќи ги овластувањата, во 2013 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористила прилика како трговско друштво да учествува во постапка организирана од Министерството за здравство за добивање на лиценца за извршување здравствена услуга – дијализа. Целта на обвинетата не било да извршува здравствена дејност – дијализа, туку со здобивање на лиценца од 20 години, а со тоа и монополска положба на пазарот на овој вид здравствени услуги, да обезбеди повеќекратно зголемување на вредноста на уделот во правното лице, информираат од Обвинителство.

Од таму додават дека откако ја основала приватна здравствена установа Диамед, каде основач е ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, на 14.02.2014 година со Министерството за здравство склучила Договор за лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежа – дијализа, обезбедувајќи пазар на јавна услуга за дијализа во РСМ во траење од 20 години со загарантирано навремено плаќање на извршените услуги.

Оваа околност, според Обвинителството, на обвинетата и овозможила да постигне значително повисока цена за уделите на трговското друштво од запишаната вредност на уделот кој тогаш изнесувал 231.000,00 денари. По склучувањето на договорот во текот на 2015 година, обвинетата со цел да го продаде јавниот монопол во здравството, започнала преговори со странско правно лице шведската компанија Дијаверум Шведска АВ за продажба на удели во ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје.

– За да ја избегне обврската за добивање претходна согласност од Министерството за здравство за пренос на уделот, уделот го пренела на ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје – основач на ПЗУ Диамед Македонија – носител на лиценцното договорно право во вршење на здравствена услуга во мрежа – дијализа. Без да овозможи Министерството за здравство, како јавен партнер, да утврди дали шведската компанија Дијаверум Шведска АВ ги исполнува истите тендерски услови како избраното ТД МЕТРОПОЛИТЕН ДОО Скопје, обвинетата на 31.10.2018 година склучила договор со Дијаверум Шведска АВ за пренос на удел. Со ваквите дејствија обвинетата вредноста од уделот во Метрополитен кој бил 231.000,00 денари го зголемила на 11.560.000 евра за колку и го продала на новиот правен субјект, велат од ЈО.

Обвинетата во свое име и во име на правното лице на кое е управител и сопственик, паричните средства прибавени со сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 ст.5 од Кривичниот законик, ги пуштила во оптек и тоа износ од 3.275.000 евра, на сметка отворена на име на обвинетата, во банка во РСМ во износ од 8.281.000 евра, на сметка во банка во Монако што гласи на правното лице, чиј краен сопственик е обвинетата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.