Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јосифовска – Даниловска: Зад бавната дигитализација стои недостаток од стратегија; пет министри се сменија за пет години

0
By Marija Todorovska on June 6, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

“Зад бавната дигитализација на државните институции стојат повеќе фактори меѓу кои најистакнати се неусогласеноста на законската рамка, недостаток на ИКТ стратегија и неконзистентност кон користење и промовирање на постоечките решенија како што е Националниот портал за е-услуги кој нуди многу мал број на вистински е-услуги кои пак се користени од многу мал број на граѓани“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Мила Јосифовска – Даниловска од Фондација „Метаморфозис“.

Според неа, пред воведување на дигитални услуги од суштинско значење е да се направи рационализација на процесите и процедурите во институциите за да се елиминираат непотребните чекори и тесни грла.

– Тоа често повлекува и нова систематизација на работните места, а институциите тоа не го прават и со тоа се отежнува, а понекогаш и се оневозможува дигитализацијата. Воедно институциите пријавуваат проблеми со недостаток на стручен кадар, особено ИТ кадар, за што како можно решение беше предложена Агенција за дигитализација која што сепак не се реализираше. Неконзистентноста на лидерството, односно промена на 5 министри во 5 години како што е пример со Министерството за информатичко општество и администрација кое е предводник на овие процеси, дополнително го отежнува фокусот кон ефикасна дигитализација на јавната администрација и услугите кои ги нуди за граѓаните, вели Јосифовска – Даниловска.

Исто така, додава таа, не постои унифицирана база на податоци со сите податоци за е-услугите, а не се знае ни колку тие се користат електронски, наспроти на традиционален начин – со физичко присуство.

– Оваа база на податоци е од суштинско значење за институциите да може да следат, оценуваат и планираат создавање на нови е-услуги или да ги подобрат постоечките, да видат кои е-услуги најмалку се користат и да истражуваат, да откријат каде треба да ги интензивираат своите напори или да ја разгледаат стратегијата за нивна промоција, да се види дали има потреба од градење капацитети за целната група да ја користи таа е-услуга, нагласи таа.

Инаку, ревизијата на државниот завод за ревизија открива недоволна посветеност на државните институции кон дигиталната трансформација.

Дестан Јонузи / Цивил Медиа 

Дигитализација Јосифовска - Даниловска министри
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.