Вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз, која од пред еден месец се наоѓа во болница, е во критична состојба.
Моментално лежи без свест и е приклучена на апарати, информира Блиц.
Во посета и доаѓаат само челновите од најтесното семејство, сестрите Нада и Зора, како и писателот Жарко Јокановиќ кој ја пишува нејзината исповед и фељтонот кој го објавува Блиц.
„Секој ден сум кај неа, тешко е“, изјавил јокановиќ.
Јованка во болница беше примена на 23 минатиот месец и по интервенцијата на докторите нејзината здравствена состојбата се подобри, но сега повторно се влошила.