Зоран Јованосвки останува член на СДСМ, но нема да биде дел од раководните органи во партијата, соопшти тој на денешната прес конференција.
-Ќе продолжам и понатаму да се борам за вредностите на СДСМ во кои верувам, но отсега тоа ќе го правам лично и на индивидуално ниво. Од денес се враќам во полн капацитет на мојот професинален ангажман, изјави Јовановски.
Тој му честиташе на новиот лидер Зоран Заев и ја пофали демократската процедура по која СДСМ избрала нов претседател на партијата, а исто така, им се заблагодари и на делегатите кои го поддржаа.
Вчера, на прес конференцијата по резулатите од гласањето, новиот лидер Зоран Заев изјави дека ќе му биде чест да раководи со СДСМ заедно со неговите противници во трката, Јовановски, Ивановски и Наумов.
Да потсетиме, Зоран Јовановски предходно имаше раководна фукција во Комерцијална банка, но се уште не е јасно дали ќе се врати на оваа фукнција.
На вчерашниот Конгрес на СДСМ, како кандидат за престедател на партијата Јовановски освои 137 гласови од делегатите.
Од денеска СДСМ има свој нов претседател, тоа е градоначалникот на Стримица, Зоран Заев кој доби 395 гласови.