Главниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за Сител телевизија потврди дека еден од преживеаните патници кажал дека од автобусот се спасиле осум лица, но, како што додава, тоа мора да се утврди.
-Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од Обединетите Арапски Емирати и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште, вели Јовески.
Тој нагласи дека тубите до моторот не биле причина за пожарот во автобусот и дека делот кај моторот не бил зафатен од пожарот.
Обвинителот Јовески вели дека сопственикот на компанијата го видел на местото на незгодата, но не разговарал со него, бидејќи се уште не знае во какво својство ќе биде тој вклучен во истрагата, односно дали ќе биде обвинет или сведок.