Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески VS Штерјев: Замената за Јанева заглавена во законските толкувања

0
By Нова ТВ on August 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По вчерашното приведување и одредување на мерка притвор на Катица Јанева, останува отворено прашањето кој ќе ја наследи на функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство.

Според републичкиот јавен обвинител Љибомир Јовески, СЈО согласно законот со кое е основано се уште има мандат и доколку ЈО кој раководи со ова Обвинителство е спречен да ја извршува оваа функција, тогаш Советот на јавни обвинители ќе треба да го констатира тоа и веднаш од редот на јавните обвинители на ова Обвинителство да определи в.д обвинител кој ќе раководи со ова обвинителство.

-За тоа има законски основи, бидејќи во Законот за СЈО во завршните одредби има одредба која пропишува дека доколку во одредени случаи не се поинаку регулирани, се однесува Законот за ЈО. Во Законот за ЈО постои одредба според која Советот е надлежен да определува вршител на должноста. Според тоа мене ми се чини дека доколку специјалниот јавен обвинител не може да ја извршува оваа функција, Советот веднаш треба да постави јавен обвинител од редот на јавните обвинители во тоа Обвинителство, рече Јовески на вчерашната прес конференција.

Јовески и обвинителката Вилма Русковска вчера најавија дека до Советот на јавни обвинители ќе испратат известување за мерката што е одредена на Јанева и ќе побараат да донесат одлука по тоа.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

– Само во еден случај, Советот назначува вршител на должност. Тоа е тогаш кога на еден јавен обвинител му се прекинува мандатот или е разрешен и Советот назначува вршител на должност од редовите на тоа обвинителство. Доколку Јанева не е разрешена и додека не и се прекине мандатот, не можеме да назначиме вршител на должност. Постапката за разрешување е предвидена со законот за СЈО, каде се вели дека доколку предлагаме ние, треба да подготвиме извештај и да го доставиме до Собранието, комисиите да го разгледаат и потоа Собранието да ни предложи ние да разрешиме, појаснува Штерјев во изјава за медиумите.

Советот на јавни обвинители во постапката за избор и назначување на Специјалното јавно обвинителство  може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања, а изгласан со двотретинско и Бадинтерово мнозинство, вели претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски.

– И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на Специјалното јавно обвинителство е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон. Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна. Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Република Македонија и Комисија за избори и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката, вели  Димовски во изјава за МКД.мк.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.