Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески за НОВА: Предметите остануваат во СЈО, но веќе не може да ги застапува на суд

0
By Соња Петрушевска on September 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако денеска започна процесот на преземање на предметите на СЈО од ЈО, тоа не значи дека предметите физички ќе бидат префрлени во Обвинителството, туку тие остануваат во СЈО се додека јавниот обвинител не одлучи кој обвинител ќе постапува по нив, рече Љубомир Јовески за НОВА. Тој рече дека денеска само започнал процесот на предавање на надлежноста од СЈО на државното јавно обвинителство.

-Предметите по преземањето се оставени кај нив. Сите остануваат во СЈО. Денеска започна постапката на предавање на предметите од СЈО во надлежност на ЈО. Додека не се одреди кој обвинител ќе ги работи, ќе останат таму. Тоа се однесува на сите предистраги, истраги и предметите што се во судска постапка, рече Јовески.

Дали ова може да го одложи постапувањето по предметите, имајќи предвид дека судот ги одложува рочиштата?

-Не, бидејќи ние ги преземаме за да се обезбеди постапување по нив, вели Јовески.

Дали обвинителите од СЈО сега можат да продолжат да ги застапуваат предметите на суд? 

-Во овој момент не, се додека не се преземе следниот чекор, а тоа е утврди стварната месна надлежност и не се определи обвинител што ќе ги застапува, вели Јовески за НОВА.

Што ќе се случи со обвинителите од СЈО?

-За обвинителите е надлежен Советот на јавни обвинители. Нивните функции во обвинителствата од каде што дошле се во мирување, вели Јовески, но не ја исклучи можноста, предметите на СЈО да ги преземат обвинители кои досега ги воделе.

Јовески најави дека до крајот на следната недела ќе ги распредели предметите на СЈО на обвинители.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.