Скопското Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) соопшти дека од утре нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, во петок, во сабота и во недела.
ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од ковид 19.