Јулија Тимошенко излезе од затвор откако украинскиот парламент донесе закон кој тоа го овозможи.
Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо на својот твитер го поздрави ослободувањето: “Го поздравувам ослободувањето на (Јулија) Тимошенко. Независно судство е неопходно за демократска Украина”, напиша тој.
Во Каркив, каде што опозиционерката беше во болница блиску до затворот, стотици луѓе скандираа: “Јулија е ослободена!” Хероината на “Портокаловата револуција”, со својата плетенка во косата, ги поздравуваше со раката и замина за Киев, на плоштадот Мајдан.
“Диктатурата падна”, напиша таа на интернет сајтот на својата партија.