Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јункер е убеден – тој ќе биде нов претседател на ЕК, Британија е против

0
By Нова ТВ on June 1, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водечкиот кандидат на конзервативните партии на изборите за Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер, е убеден дека ќе биде иден претседател на Европската комисија. Британците се против, се заканија со излегување од ЕУ, објавува Дојче веле на македонски јазик.

„Во Европскиот совет ме поддржува широко мнозинство на демохристијански и социјалистички шефови на држави или влади“, изјави поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер за весникот „Билд ам зонтаг“. Според него, во идните недели согласност треба да дадат и останатите.

Јункер побара од своите поддржувачи да не подлегнуваат при одлуката под притисокот на малцинството: „Европа не треба да дозволи уцени“, изјави Јункер, без да именува никого. Но, 59-годишниот политичар алудира на Велика Британија, Унгарија, Шведска и Холандија.

Според информации на „Билд ам зонтаг“, и Франција застанала на страната на Јункер. Претседателот Франсоа Оланд сакал инаку на чело на ЕК да доведе Французин, пишува весникот без да ги наведува изворите.

Оланд на германската канцеларка Ангела Меркел и изјавил дека по успехот на десноекстремниот Национален фронт на европските избори во Франција, неговата влада која претрпе неуспех има итна потреба од некаков сигнал. Тој инсистирал на итна инвестициска програма за француската ослабена економија и во игра за функцијата претседател на Европската комисија го внесол својот поранешен министер за финансии Пјер Московици.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, предупреди дека неговата земја може да ја напушти Европската унија, доколку поранешниот премиер на Луксембург Жан-Клод Јункер, стане следниот претседател на Европската комисија, објави германскиот магазин „Шпигел“.

Наведувајќи извори блиски до учесниците на самитот на лидерите на ЕУ одржан во вторникот, германскиот магазин пишува дека Камерон ја предупредил германската канцеларка Ангела Меркел дека поставувањето на Јункер на таа функција ќе ја „дестабилизира неговата влада до таа мерка што може да доведе до референдум за излез од ЕУ“, што веројатно како резултат ќе има одлука на народот земјата да го напушти блокот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.