Европските нардони партии ќе освојат најголем број на мандати во новиот состав на Европскиот парламент. Ова го соопшти претседателот на ЕНП, Жозеф Дол. Неговата политичка групација сепак бележи голем пад на поддршката која ја имаше во минатиот состав на ЕП.
На второ место се Европките социјалисти. Нивниот лидер Ханес Свобода изрази задоволство од резултатот со оглед на тоа што левичарите обединети во оваа политичја групација освоија поголем број на мандати во споредба со изборите во 2009.
Кандидатот за претседател на ЕК на ЕНП, Жан Клод Јункер на својот твитер профил најави дека тој ќе биде новиот претедател на ЕК. Сепак останува нејасно како ЕНП ќе обезбеди подршка од мнозинството пратеници во ЕП. Лидерот на Европските социјалисти Ханес Свобода рече дека новиот претседател на ЕК нема да може да биде избран без подршката на Европските социјалисти. Свобода најави дека Европските социјалисти се оптимисти дека ќе обезбедат мнозинсто за нивниот кандидат Мартин Шулц.
Ние ќе обезбедиме мнозинство и тоа со ЕНП со што ќе имаме широка поддршка за нашиот канидат. Колку што знам кандидатот на ЕНП, Јункер има амбиции да биде претседател на Европскиот совет, изјави Свобода најавубајќи го можниот договор меѓу двете најголеми политички групации во ЕП.