Ени Ленокс и Дејв Стјуарт ќе настапат заедно на манифестацијата “Ноќ што ја измени Америка: Греми им салутира на Битлси”, кој ќе биде снимен во текот на ноќта по доделувањето на Греми наградите, на 27 јануари во Лос Анџелес.
Долгогодишниот продуцент на Греми наградите Кен Ерлих верува дека би било идеално Јуритмикс да им оддадат почит на Битлси:
“Кога ја правев листата на изведувачи за шоуто, сфатив колку е важно да се најдат уметници кои ќе бидат во состојба да ги изведат песните на Битлси , но, исто така, да знаеат она што тие значеа “.
Ерлих не открива која песна ќе ја изведат Ленокс и Стјуарт , но се знае дека Џон Мајер и Кит Урбан ќе настапат во дует со “Don’t Let Me Down” и Алиша Кис и Џон Леџенд “Let It Be”. Ќе настапи и Maroon 5, засега не се открива со која песна.
Специјалното шоу ќе биде емитирано на 9 февруари, точно после 50 години откако Битлси имаат американско деби на шоуто на Еди Саливен.
Видео: Една од легендарните песни на Јуритмикс- Sweet Dreams