Јужнокорејскиот претседател Парк Геун-Хај ја предупреди Јапонија дека ќе повлече потег за изолација околу изјавата со која се потврдува воено користење на сексуални робови, јавува Би-Би-Си.
Тој ја повика Јапонија да ги прифати “вистината и помирување”.
Јапонија се извини во 1993 година на преживеаните илјадници жени кои беа принудени да им служат на армиските бордели.
Во петокот Токио соопшти дека ќе формира панел за да ги види доказите на кои се базира извинување.
Некои конзервативци во Јапонија тврдат дека жените, познати еуфемистички како “жени за утеха”, биле проститутки – што беше жестоко негирано од страна на жените но и од страна на соседите на Јапонија.