Јужноафриканците втор ден чекаат во редови за да му оддадат почит на Нелсон Мандела.
Уште во средата беше формиран ред за оддавање на почит на поранешниот претседател чие тело е изложено во зградата на владата во Преторија, пред закопот кој ќе биде во недела во неговото родно село Куну.
Ноќеска телото ќе биде вратено во мртовечница за наутро повторно да биде изложено за сите кои сакаат да му оддадат почит на симболот на апардхејдот.
Меѓу оние кои му оддадоа почит се неговата вдовица Граца и претседателот на земјата Јакоб Зума.